Connect with us

Тијаго се враќа во тимот на Ливерпул за дуелот со Лидс

Ливерпул ќе го има играчот за врска Тијаго Алкантара за вечерашниот дуел против Лидс Јунајтед, истакна менаџерот Јирген Клоп. Тој беше отсутен на последните два натпревари поради инфекција на увото, но сега е подготвен за игра.


На располагање на Клоп ќе биде и капитенот Џордан Хендерсон, кој заработи мала повреда против Ајакс во ЛШ.


„Очекувам Џордан Хендерсон да биде добро. Се враќа и Тијаго Алкантара, а сè уште е рано за Наби Кеита и за Жоел Матип. За жал, Диого Жота и Луис Дијаз ќе бидат подолго време во аут, исто како и Артур Мело кој има тешка повреда“, изјави Јирген Клоп.


Ливерпул вечерва го пречекува Лидс Јунајтед на „Енфилд Роуд“ и сака да им се врати на победите откако загуби од Нотингем Форест во минатото коло.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови