Јувентус приреди разочарувачка вечер за своите навивачи во третото коло од Лигата на шампионите, губејќи на домашен терен со 0-1 од германскиот Штутгарт. Поради поразот, а уште повеќе поради лошата игра, навивачите на Јувентус беа дополнително разочарани, бидејќи Штутгарт доминираше на теренот.
По завршувањето на натпреварот, тренерот на Јувентус, Тијаго Мота, даде неколку необични и интересни одговори, што дополнително ги вознемири фановите на „старата дама”.
„Мислам дека не е вистинското време за длабока анализа. На овој натпревар се мачевме со темпото и нивната игра, се боревме да ја наметнеме нашата игра против многу силен тим“, изјави Мота.
Тој исто така укажа на потребата од споредба на италијанскиот фудбал со европскиот, особено во однос на поседот на топката и темпото на игра.
Во однос на нападот, Мота не беше задоволен, особено што натпреварот го започна со недоволно подготвениот Душан Влаховиќ.
„Мораме да бидеме подобри во фазата на нападот за да можеме да се натпреваруваме со тимови како Штутгарт. Ни треба целосна анализа за да видиме дали можеме да имаме контрола во вакви натпревари. Имавме потешкотии во градењето на нападите, и мораме многу да се подобриме во наредните натпревари, ако ништо друго, барем да се обидеме да го дадеме максимумот“, заврши Тијаго Мота.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski