Еден од најдобрите напаѓачи во светот во минатиот век, француската легенда Тиери Анри, се наоѓа меѓу кандидатите за нов тренер на Барселона, открива „Мундо Депортиво“. 44-годишниот Французин е поранешен играч на каталонскиот тим и во моментов е дел од стручниот штаб на Роберто Мартинез во белгиската репрезентација.
Анри беше меѓу имињата за тренер на Барса и во 2017 година, кога тимот му беше доверен на Ернесто Валверде. Белгискиот селектор Мартинез ја демантираше можноста да пристигне на „Камп Ноу“ поради договорот со федерацијата, сега Анри избива во преден план.
Поранешниот напаѓач ја започна својата тренерска кариера како помошник на Мартинез во Белгија по Евро 2016, а во 2018 година накратко го предводеше Монако пред да се пресели во канадскиот Монтреал Импакт. Меѓутоа, пред неколку месеци, тој се врати кај „црвените ѓаволи“.
Барселона планира да му даде отказ на Роналд Куман во текот на репрезентативната пауза која ќе следи на почетокот на октомври.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













