Македонскиот второлигаш Тетекс по ремито без голови против Саса тврди дека повторно е оштетен од судиите и најави дека ќе поднесе кривична пријава.
„И повторно после едно коло ФК Тетекс е оштетен од судиите, поточно од помошникот Филип Николов и повторно донесена погрешна одлука и изгубени бодови и не бараме алиби како што федерација изјави, бараме на секој натпревар до крај фер и поштено судење без големи грешки, но очигледно многу бараме!
Голот кој беше признат на ФК Караорман ни одзема 1 бод, вчерашниот поништен гол ни одзема 2 бода, епа не е тешка математиката да имавме поштено судење сега ќе бевме на сигурна позиција на табелата.
И за крај сакаме да се обратиме со прашање до ониее кој учестуваваа во делегирање судии:
1.Како на натпревар со голем влог за две екипи вие делегирате помошен судија на кој овој натпревар му е втор во 2 мфл а останатите се во трета лига и младински лиги?!
На сликата јасно се гледа дека фудбалерот на ФК Саса со број 5 е последен фудбалер во одбраната а фудбалерот на ФК Тетекс со број 7 кој го постигнува голот е пред последниот фудбалер на ФК Саса .
Овој пат НЕ прифаќаме извинување! Овој пат ќе поднесеме кривична пријава против помошникот судија Филип Николов за обештетување на последнича штета.
Еднаш за секогаш мора да дојде крајот за вакви судиски одлуки, со кои се одлучува судбината на некој клуб“, соопшти Тетекс.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski