Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски е префрлен во Б-тимот на Спортинг Лисабон. Откако одби да замине во Русија, а беше во контакти со Динамо Москва, тренерот Рубен Аморим одлучи да го префрли Ристовски во резервниот состав заедно со Рафаел Камачо. На него му беше препорачано да си замине од клубот, а имаше преговори со Динамо Загреб.
Сепак, и двајцата одлучија да останат во Спортинг Лисабон и добија префрлување во Б-тимот. Пораката од клубот е дека ќе бидат дел од резервниот состав се додека не реши поинаку тренерот Рубен Аморим.
За Ристовски се интересираа и Валјадолид и Сасуоло, но на крајот одлучи да остане во Португалија најмалку уште шест месеци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн
Прва лига
Шкендија минимално го победи Работнички
Интернационалци
Александар Трајковски се приклучи на Локомотива Загреб













