Централниот бек на Аталанта, Џорџо Скалвини, се повреди на натпреварот од последното коло во Серија А против Фиорентина и ќе го пропушти ЕВРО 2024. 20-годишниот фудбалер има скинати вкрстени лигаменти на левото колено и ќе биде подложен на операција, по што ќе закрепнува околу шест месеци.
Скалвини беше повреден во последните минути од синоќешниот натпревар. Тој постигна гол во првото полувреме, но сезоната за него заврши на најлош можен начин.
Аталанта ја потврди повредата на дефанзивецот откако тој беше подложен на магнетна резонанца.
Скалвини денеска се очекуваше во таборот на Италија во Коверчиано. „Аѕурите“ поради повреда веќе го загубија Франческо Ачерби, а наместо него беше повикан Федерико Гати од Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













