
Борусија Дортмунд е подготвена да ја прекине победничката серија на Реал Мадрид во финалињата на Лигата на шампионите во пресметката за трофејот на „Вембли“ в сабота, изјави тренерот Един Терзиќ.
Реал ги освои сите осум финалиња во кои настапи откако Лигата на шампионите го замени Куп на европските шампиони во 1992 година. „Кралевите“ освоија пет титули во Лигата на шампионите во последните 10 сезони и имаат вкупно 14 европски круни.
Терзиќ рече дека победничките серии секогаш завршуваат, но Борусија мора да настапи на највисоко ниво.
„Мораме да имаме верба дека можеме да постигнеме големи работи“, рече Терзиќ.
„Мораме да вложиме сè за да го вратиме трофејот во Дортмунд. Помина долго време“, додаде тој.
Борусија Дортмунд ја освои титулата во 1997 година и повторно стигна до финалето во 2013 година, губејќи од Баерн Минхен во германското финале.
„Најважно е дека ако сакате да ја освоите Лигата на шампионите, треба да ги победите шампионите. Сега се соочуваме со апсолутните шампиони. Тие го освоија овој турнир 14 пати, го освоија петпати во последните 10 години. Но, ова е еден натпревар и сè може да се случи. Осум финалиња во Лигата на шампионите и тие никогаш не загубиле. Не е важно она што се случи во претходните осум, овојпат секако попнуваме од почеток“, истакна тренерот на Борусија Дортмунд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
