
Тренерот на Борусија Дортмунд пред вечерашното финале во Лигата на шампионите во Лондон изјави дека „не му е грижа што Реал важи за фаворит“ против неговиот тим.
„Јасно е дека важат за фаворити, но не ми е гајле. Ако играш со Реал десет пати ќе биде тешко, 34 пати ќе биде невозможно, но ако одиграш еден натпревар сѐ е можно“, изјави Един Терзиќ на прес-конференцијата.
Борусија Дортмунд и Реал Мадрид ќе се сретнат вечерва во Лондон од 21 часот во финалето на Лигата на шампионите.
„Не бевме фаворити и против Атлетико Мадрид или против Пари Сен Жермен. Би се осмелил да зборувам за слабостите на Реал како тренер на Борусија. Има работи во нивната игра што помалку ми се допаѓаат, и во офанзива и во дефанзива“, додаде Терзиќ.
Фудбалерот на Борусија, Џулијан Брант изјави дека нема „ништо поголемо“ ако се погледне историјата, од Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
„Реал Мадрид е ултимативниот противник. Ако ја погледнеме нивната историја, нема ништо поголемо во Лигата на шампионите. Но, ако не веруваме дека можеме да победиме, можевме да останеме во Дортмунд”, изјави Брант.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
