Голманот на Барселона, Марк-Андре Tер Штеген, се врати на тренинзите со останатите соиграчи. Германецот беше надвор од терените од 12 ноември поради проблем со грбот, но сега се чувствува подобро и се врати на тренинзите.
Поради овој проблем, на 31-годишниот голман му беше извршена операција и токму тоа го наложи неговото долго отсуство.
За тоа време, Ињаки Пења беше на голот на Каталонците, кои, сепак, примија дури 31 гол на 15 натпревари во сите конкуренции, имајќи само две „чисти мрежи“ на нив.
Барса нема да брза во оваа фаза и Тер Штеген речиси сигурно ќе ја пропушти претстојната пресметка со Осасуна викендов, како и онаа против Алавес на 3 февруари. Најверојатно ќе се врати на голот за натпреварот против Гранада на 11 февруари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal