
Тео Хернандез, еден од клучните играчи на Милан, би можел да го напушти клубот уште во јануари, доколку пристигне соодветна понуда, пренесува „Тутоспорт“.
Однесувањето на францускиот лев бек довело до одредени тензии меѓу него и „росонерите“. Тој беше изоставен од стартниот состав на Милан во натпреварите против Џенова и Верона, што дополнително ги зголеми шпекулациите околу неговата иднина.
Агентот на Хернандез, Мануел Килон, се сретнал со директорите на Милан за да го дискутираат неговото останување, но засега нема понуда за продолжување на договорот. Иако Тео изразил желба да остане во Милан, клубот наводно е подготвен да го пушти, доколку пристигне финансиски атрактивна понуда.
Манчестер Јунајтед е еден од клубовите кои сериозно се заинтересирани за Тео Хернандез. Англискиот гигант би можел да испрати понуда во зимскиот трансфер период, која потенцијално би го осигурала трансферот на францускиот бек на „Олд Трафорд“.
Доколку се реализира, ова би претставувало значајна промена и за Милан, кој би морал да бара замена за еден од своите најдобри играчи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal