Левиот бек на Милан, Тео Хернандез, ќе остане на „Сан Сиро“ откако ја одбил понудата на Пари Сен Жермен да се пресели на „Паркот на принцовите“. Тој е голема желба на тренерот Маурисио Покетино, но, сепак, нема да му биде исполнета, откриваат италијанските медиуми.
„Светците“ испратија понуда од 50 милиони евра за 23-годишниот дефанзивец, кој одигра одлична сезона во Милан. Покетино побарал од раководството на ПСЖ по секоја цена да го доведе во Париз, но, сепак, мисијата ќе остане неуспешна.
Тео Хернандез ја одбил понудата на ПСЖ и ќе остане во Милано, а италијанскиот калчолигаш веќе му подготвува нов договор и зголемување на годишната плата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













