Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, ја осуди постапката на Кристијано Роналдо да го напушти стадионот пред крајот на натпреварот против Рајо Ваљекано.
Португалецот го одигра првото полувреме, а подоцна пред крајот на натпреварот го напушти стадионот заедно со уште неколку играчи.
Во изјава за холандските медиуми, Тен Хаг објасни што мисли за прераното заминување на Роналдо од стадионот.
„Многу играчи си заминаа рано. Ова секако не го заборавам. Тоа е неприфатливо. За било кој. Им кажав дека ние сме тим и дека сите мора да останат до самиот крај“, јасен е Тен Хаг.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед изјави и дека не се точни приказните дека Роналдо сам одлучил да отсуствува од подготовките.
„Тој беше отсутен поради семејни работи, тоа не беше начинот на кој медиумите го опишаа тоа“, дополни стратегот на „црвените ѓаволи“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













