Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег, потврди дека Кристијано Роналдо одбил да влезе како замена за време на дуелот со Тотенхем во средата. Тренерот навести дека не е задоволен од однесувањето на Португалецот, кој го напушти теренот непосредно пред крајот на мечот, а тоа е причината поради која не тренираше со тимот.
„Ако прашувате за што разговаравме, тоа е меѓу мене и Кристијано. Изјавата е јасна. Тој останува клучен играч за нас. Јас сум менаџер, јас сум одговорен за културата овде. Морам да поставам стандарди и вредности и да се погрижам да се следат“, рече Тен Хаг.
„По Рајо Ваљекано му кажав дека тоа е неприфатливо, не само за него, туку и за сите. Ова е вторпат, затоа има и последици. Тој ќе го пропушти утрешниот натпревар. Тоа е загуба за тимот, но важно е за однесувањето и менталитетот на групата. Сега мораме да се концентрираме на Челси“, додаде тој.
На летните подготовки, на мечот против Рајо Ваљекано во првата контрола во која играше, Кристијано повторно го напушти стадионот пред крајот на мечот и Тен Хаг беше незадоволен од неговото однесување.
Тен Хаг потврди дека Роналдо одбил да влезе против Тотенхем и објасни дека е испратен да тренира далеку од првиот тим за „да има време за размислување“.
„На почетокот на сезоната реков дека следниот пат ќе има последици. Фудбалот е тимски спорт и мора да следите одредени стандарди“, дополни Тен Хаг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













