
Манчестер Јунајтед го објави ангажманот на Матијс де Лихт и Нусаир Мазрауи. Двајцата дефанзивци се приклучија на „црвените ѓаволи“ од Баерн Минхен.
Баварците ќе добијат вкупно 70 милиони евра од договорот. Трансферот на Де Лихт е во вредност од 45 милиони евра, плус уште 5 милиони во форма на бонуси. За Мазрауи, Манчестер Јунајтед ќе плати 15 + 5 милиони евра.
„Веднаш штом дознав за интересот на Јунајтед, се почувствував поласкан и возбуден од можноста да играм за толку голем клуб. Ерик тен Хаг ми даде шанса во сениорскиот фудбал и знае како да го извлече најдоброто од мене. Свесен сум што се бара за да успееш на највисоко ниво“, сподели Де Лихт.
„Неверојатно е чувството да бидам фудбалер на Манчестер Јунајтед. Едвај чекам да излезам на „Олд Трафорд“ со црвениот дрес. Сите во клубот сме амбицирани да освојуваме трофеи. Под водство на Тен Хаг се развив како фудбалер. Ги познавам неговите барања и ќе го дадам најдоброто од себе“, рече Мазрауи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дејвид Бекам заврши во болница

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
