Connect with us

Tен Хаг посакува шест засилувања на „Олд Трафорд“, но двајца се приоритет

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, побара од раководството на клубот шест нови засилувања ова лето. Новиот менаџер како приоритет го одредил привлекувањето на двајца конкретни играчи, што ќе чинат вкупно околу 115 милиони фунти. Станува збор за дефанзивецот на Ајакс, Јуриен Тимбер и голгетерот на Бенфика, Дарвин Нуњез.


Покрај овие цели, Тен Хаг посакува уште двајца бекови, играч од средниот ред и уште еден напаѓач.

На Холанѓанецот му се допаѓа и Френки де Јонг, но високата цена која Барселона ја посакува за својот играч за врска може да спречи овој трансфер да се реализира.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови