Connect with us

Тен Хаг побара трпение од навивачите: Судете ни на крајот од сезоната

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, ги повика навивачите на тимот да покажат трпение, и покрај слабите резултати. Синоќа „црвените ѓаволи“ одиграа 3-3 со Порто во Лига Европа, иако имаа водство од 0-2.

„Ќе го постигнеме тоа кон што се стремиме. Не судете ни сега, туку на крајот од сезоната. Сигурно ќе се подобруваме. Зад нас се две сезони во кои игравме финалиња. Само почекајте“, изјави Тен Хаг.

„Го почнавме натпреварот многу силно и постигнавме два гола, но потоа ја загубивме контролата. Во средината на натпреварот игравме слабо, но крајот беше добар. Израмнивме, што е добро за духот на тимот“, истакна Холанѓанецот.

Хари Магваер го спаси Манчестер Јунајтед од пораз против Порто, иако тимот имаше водство од 0-2.

„Подготвени сме, но треба да бидеме повнимателни во одбраната и подобро да ја контролираме топката. Знаеме како да се браниме подобро и важно е да го покажеме тоа“, додаде Тен Хаг.

Хари Мегваер, кој влезе како замена на „До Драгао“ и донесе бод за Јунајтед, го бранеше тренерот од бројните критики.

„Тука сум шест години и знам како функционираат работите. Ако резултатите не се добри, фудбалерите и менаџерот се под притисок. Тен Хаг има доволно искуство и работи долго време во клубот, па сум сигурен дека знае како да се справи со ситуацијата“, изјави Мегваер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови