Connect with us

Тен Хаг одлучи: Линделоф останува до крајот на сезоната

Манчестер Јунајтед одлучи да го задржи дефанзивецот Виктор Линделоф најмалку до крајот на сезоната. Англискиот клуб нема да се согласи на трансфер или понуда за позајмица за 28-годишниот шведски репрезентативец за време на зимскиот преоден рок.


Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг, ќе продолжи да го користи дефанзивецот во остатокот од актуелната сезона.

Договорот на Линделоф со манчестер Јунајтед е до летото 2024 година, а вредноста на дефанзивецот е околу 15 милиони евра.

Виктор Линделоф има 14 настапи во сите натпреварувања оваа сезона. Тој му се приклучи на Јунајтед од Бенфика во 2017 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови