
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, призна дека неговиот тим бил надигран од Њукасл. „Црвените ѓаволи“ загубија со 0-1 на „Сент Џејмс Парк“ и се седмопласирани во поредокот, но допрва треба да победат против тим од Топ 8 под водство на Холанѓанецот.
„Првото полувреме беше многу тешко за нас. На паузата рековме дека мора да останеме во игра. Во завршниот дел од натпреварот покажавме дека не се предаваме. Создадовме неколку шанси, но ги пропуштивме. Во еден момент мислевме дека израмнивме, но излезе дека има офсајд. Генерално, Њукасл ја заслужи победата“, коментира Тен Хаг.
„Ситуацијата со Бруно Фернандеш? Сите видоа што се случи. Имаше прекршок“, истакна менаџерот на Јунајтед.
„Ќе се сретнеме со тимот и ќе разговараме. Веќе размислуваме за натпреварот со Челси во среда. Тие се тврд тим, тоа го докажаа против Манчестер Сити. Остануваме обединети. Имаме план и продолжуваме да го следиме“, додаде Тен Хаг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Славчо Војнески нов тренер на саудискиот Ал-Оробах

Евро-фудбал
Пауло Дибала останува во Рома и во новата сезона

Евро-фудбал
Шешко е блиску до трансфер на “Олд Трафорд”
