Connect with us

Тен Хаг: Не размислувам дека Манчестер Јунајтед ќе ме отпушти

Дали Ерик Тен Хаг ќе добие отказ од менаџерската функција во Манчестер Јунајтед. Ова е едно од големите прашања во англискиот фудбал веќе неколку месеци, а темата и понатаму е актуелна. „Црвените ѓаволи“ практично веќе немаат шанса да се борат за пласман во Лигата на шампионите, а надеж за спас на сезоната им дава само ФА Купот.


Тен Хаг беше под постојани критики, кои се засилија по неверојатниот пораз од Челзи (4-3) со два примени гола во судиското продолжение.

Стратегот чиј тим в недела го очекува големото дерби со Ливерпул, сепак јасно стави до знаење дека се чувствува сигурен во својата работа.

„Не се сомневам. Не ме одвлекуваат мислите дека можам да бидам отпуштен. Не секогаш има резултати, но убеден сум дека одиме во вистинската насока. Секако, мислам дека ќе го водам тимот следната сезона исто така“, изјави тој за „Скај Спортс“.

Британските медиуми постојано го поврзуваат актуелниот селектор на Англија, Герет Саутгејт, со клупата на Манчестер Јунајтед. Се очекува сѐ да биде многу појасно после настапот на Англија на ЕВРО 2024 ова лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови