Њукасл има нови богати сопственици кои мислеа дека многу лесно со вбризгување на силна финансиска инвестиција ќе го реновираат клубот со неколку ѕвезди. Му дадоа отказ на Стив Брус и мислеа дека релативно брзо ќе успеат да ја доведат неговата замена. Сепак, работите не одат според планот.
Откако ги „откачија“ Брендан Роџерс и Стивен Џерард, најновото име кое се заблагодати на понудата е Ерик Тен Хаг, тренерот на Ајакс. Раководството на Њукасл му понуди годишна плата од 13 милиони евра, но тој повеќе би сакал да остане на кормилото на Ајакс.
„Кога го продолжив договорот со Ајакс, реков дека имаме тим кој може да се развива. Сакаме да ги „нервираме” најдобрите тимови во Европа. На добар пат сме, може така да се каже”, изјави Холанѓанецот и додаде дека максимално е фокусиран на Ајакс.
„Треба да продолжиме со исто темпо. Ништо не се освојува во октомври, ноември и во декември. Треба да играме вака и во мај“, дополни Тен Хаг.
Ајакс засега игра одлично. Тие се први во домашното првенство. За викендот го победија ПСВ со убедливи 5-0, додека во Лигата на шампионите по три кола имаат максимален ефект и веќе со една нога се во нокаут фазата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













