![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2023/10/ten-hag-junajted-666.jpg)
Манчестер Јунајтед има два порази на стартот од групната фаза во Лигата на шампионите. Англискиот тим во првото коло беше поразен во Минхен од Баерн (4-3), а синоќа забележа пораз и од Галатасарај на „Олд Трафорд“ со 2-3, и тоа после пресврт.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, по шестиот сезонски пораз во десет натпревари во сите натпреварувања, изјави дека нема друг избор освен тимот да се држи заедно во кризните моменти.
„Водевме двапати и имавме контрола на играта. А потоа имаше грешки, би рекол фундаментални грешки кои обично не ги правиме. Тоа не смее да се дозволи на ова ниво. Бевме казнети поради тоа. Тешко е да се контролира сè, но ние сме во ова заедно. Не се работи за грешка на поединец, туку за тимски грешки и затоа нема победи. Ова не смеевме да си го дозволиме бидејќи двапати имавме водство“, вели Тен Хаг.
Онана направи грешка како на мечот со Баерн, што доведе до пенал и исклучување на Кашемиро.
„Морам да разговарам со играчите, но секако и со Андре Онана. Ќе го поддржам бидејќи е одличен голман“, изјави оптимистички Тен Хаг.
„Сѐ е отворено. Имаме уште четири натпревари, а следните два се против Копенхаген. Секој меч е тежок, но знаеме што треба да направиме. Наше е да останеме живи во групата и да ги зачуваме шансите да одиме понатаму“, заклучи Тен Хаг.
Расмус Хојлунд беше единствената светла точка во поразот. Постигна два прекрасни гола. Тој со три гола моментно е најдобар стрелец оваа сезона во Лигата на шампионите.
„Мораме да имаме на ум дека не смееме да примиме гол набргу откако ќе го постигнеме. Тоа ни се случи веќе на неколку натпревари. Ќе анализираме сè детално, ќе разговараме за тоа. Ова е тежок период, но мора да се држиме заедно, само така можеме да излеземе од кризата“, изјави напаѓачот на Јунајтед.
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2021/02/logo.jpg)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal