Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, го насочил вниманието кон дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг. Холандскиот стратег сака да ја засили десната страна на одбраната во јануари и е подготвен да даде понуда за 21-годишниот талент.
Фримпонг беше доведен на „Бај Арена“ минатиот јануари од Селтик за 11 милиони евра и има договор со „фармацевтите“ до 2025 година. Интересен податок е дека тој е производ на школата на Манчестер Сити, но никогаш не успеа да се пробие меѓу „граѓаните“, а неговата професионална кариера ја започна токму од Селтик, откако се пресели за скромни 380.000 евра во 2019 година.
Откако пристигна во Леверкузен, фудбалерот роден во Амстердам остави одличен впечаток со своите настапи. Досега има шест гола и 12 асистенции на 61 натпревар за германскиот бундеслигаш.
Во моментов цената на Фримпонг е околу 25 милиони евра, што и не е голем проблем за „црвените ѓаволи“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













