
Манчестер јунајтед обезбеди победа од 3-2 над Њукасл во нивниот последен домашен натпревар сезонава. По натпреварот, менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хaг, им се обрати на навивачите на „Олд Трафорд“ и вети дека неговиот тим ќе оди во финалето на „Вембли“ против градскиот ривал Манчестер Сити за „да го донесе ФА Купот на Олд Трафорд“.
„Во мое лично име, како и во име на сите играчи и целиот клуб, сакам да ви се заблагодарам на сите за големата поддршка во текот на сезоната. Како што знаете, сезоната беше многу тешка, но една работа остана константна, а тоа е вашата поддршка за тимот“, го започна својот говор Тен Хаг, првично исвиркан.
„Сепак, оваа сезона не е завршена. Прво одиме во Брајтон за трите бода, а потоа на „Вембли“. Ви ветувам дека овие играчи ќе дадат сѐ од себе за да го освојат ФА Купот и да го донесат на „Олд Трафорд“. Сигурни сме дека и таму ќе нѐ поддржат нашите навивачи кои се најдобри во светот“, заклучи Тен Хаг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
