Манчестер Јунајтед од следната сезона ќе биде во рацете на Ерик тен Хаг. Се е договорено околу доаѓањето на холандскиот стратег, а тој со себе би сакал да го доведе и крилниот напаѓач Ентони. Бразилецот игра одлична сезона во Амстердам, а неговиот тренер смета дека тој би бил одлично освежување и за тимот на Манчестер Јунајтед.
Ентони има договор со Ајакс до 2025 година, а холандскиот гигант за него бара отштета од 50 милиони евра. Сепак, раководството на Манчестер Јунајтед веќе се согласило на дел од засилувањата што планира да ги доведе Ерик тен Хаг. Тој ќе има и потполна контрола на трансферите на „Олд Трафорд“, тоа беше еден од условите што ги постави стратегот за да ја прифати понудата на англискиот премиерлигаш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













