
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го изрази својот оптимизам за иднината на тимот откако „црвените ѓаволи“ го победија Лутон на „Олд Трафорд“ со 1-0 и го заземаа шестото место на табелата во Премиер – лигата.
„Без разлика на сите проблеми со кои се соочивме, сепак сме блиску до топ 4. Кога ќе бидеме компетни неколку недели и месеци, и ќе почнеме да прикажуваме квалитетен фудбал, другите тимови ќе испуштаат бодови и сè ќе изгледа многу подобро“, коментираше Тен Хаг.
„Победивме четири од последните пет натпревари во Премиер – лигата, што е добро. Ние сме во поволна позиција. Наспроти позадината на сите тешкотии, нашата ситуација не е лоша. Ова е причина за оптимизам“, смета Холанѓанецот.
„Секако мораме да го подигнеме нивото на нашите игри. Охрабрува фактот што создаваме многу шанси. Ќе продолжиме да се движиме во вистинската насока и да акумулираме повеќе бодови“, изјави Тен Хаг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
