
МАКФУДБАЛ во Тбилиси,
Тбилиси е талично место за македонскиот фудбал. И секогаш ќе биде. Одовде Македонија обезбеди замина на Европско првенство. Засекогаш ќе се сеќаваме на голот на Пандев, на делириумот што се случи во нашата држава по големиот фудбалски успех.
Но, тоа, како што вели Езгјан Алиоски, е убаво минато. Сега Горан Пандев е и официјално во пензија, со националниот тим се прости по ЕВРО 2020, а Македонија ја носат некои други момци на своите плеќи.
Дел од цврстите столбови поради повреди не се денеска во Тбилиси, капитенот Стефан Ристовски, Аријан Адеми…Затоа, ќе треба некои помлади момци на истото талично место, сега и пред 55.000 Грузијци, со оглед дека билетите се распродадени, да покажат дека можат да ја преземат одговорноста.
Селекторот Благоја Милевски има проблеми со ростерот, но, сепак, ќе истрча на теренот најдобриот тим што го има во овој момент. Се разбира, тука треба да се земе в предвид и фактот дека Александар Трајковски има настинка, а Дарко Велковски е ровит и се жали на повреда.
Во нападот првпат сериозен адут ќе биде Бојан Миовски, кој блеска во шкотскиот Абердин, а заедно со него ќе делува и Милан Ристовски. Во средниот ред се Барди и Елмас, а ќе бидат потпомогнати од Спировски.
Во дефанзивата Муслиу и Велковски се централниот стоперски тандем, доколку Дарко може да биде стартер, левата страна е за Алиоски, а десно ќе треба да делуваат Тодороски и Ашковски. Таму ќе биде позициониран Квича Кварацкелија, најдобриот грузиски играч, соиграчот на Елиф Елмас од Наполи.
Натпреварот почнува од 18 часот на стадионот на Динамо Тбилиси, ќе има 55.000 гледачи и директен ТВ пренос на МТВ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
