
Младиот Бразилец Ендрик (18) е претставен како нов играч на Реал Мадрид. Станува збор за исклучително талентиран млад напаѓач кој во 2022 година ја договори соработката со мадридскиот клуб, но се приклучи дури кога стана полнолетен. Дотогаш настапуваше за Палмеирас, каде што забележа 82 настапи, постигна 21 гол и четири асистенции, а веќе има и десет настапи и три гола за сениорската репрезентација на Бразил.
Ендрик беше пречекан на стадионот Сантијаго Бернабеу од 43.000 навивачи, објави Реал Мадрид ТВ.
„Не знам како да го опишам она што го чувствувам. Отсекогаш сакав да дојдам тука и да играм за Реал. Остварив сон, не само мој, туку и на моето семејство. Ова е за нив“, изјави Ендрик, кој на церемонијата дојде во придружба на своите родители и беше видливо емотивен.
Тажната приказна од неговото детство ја сподели неговиот татко Даглас Соуза.
„Сѐ уште се сеќавам на денот кога Ендрик беше дете… Ми побара нешто за јадење и рече: ‘Тато, многу сум гладен’. Седев на каучот, потоа барав во кујната и фрижидерот… И немав што да му дадам за јадење. Му реков: ‘Ендрик, синко, немаме ништо’. Потоа почнав да плачам, тој исто така се расплака и ме прегрна цврсто и рече: ‘Тато, не грижи се, ќе станам фудбалер и ќе те извлечам од овие проблеми’.”
Реал Мадрид за него издвои 47,5 милиони евра за да го доведе од Палмеирас, а сумата може да се зголеми на 60 милиони евра ако се вклучат бонусите. Сето тоа беше договорено уште на 15 декември 2022 година, кога беше склучен и договорот кој важи до крајот на сезоната 2026/27.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција
