Академија Пандев загуби на домашен терен од Ренова со 0-1 и влезе во кругот на екипи кои до крајот на шампионатот ќе мислат на опстанокот. Новиот тренер Александар Таневски верува дека тимот многу брзо ќе го покаже комплетниот потенцијал и ќе им се врати на позитивните резултати. Тој на клупата го наследи Југослав Тренчовски, но тимот и оттогаш претрпе два минимални порази.
„Академија Пандев има несомнен квалитет, фудбалерите имаат голем потецијал, но треба да им ја вратиме самодовербата. Очигледно е дека лошата резултатска низа има влијание и работиме на тоа, се надевам дека ќе успееме да го свртиме моментумот веќе на следниот натпревар против Струга Трим Лум. Верувам во екипата, работат одлично на тренинзите, ќе дојдат и посакуваните резултати“, вели шефот на стручниот штаб, Александар Таневски.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













