Connect with us

Тами Абрахам го засилува Арсенал

Англискиот премиерлигаш Арсенал е на прагот да доведе големо засилување во нападот, и тоа од големиот лондонски ривал Челси. Како што информираат медиумите на Островот, нов фудбалер на „топчиите“ наскоро треба да стане Тами Абрахам.

Претстојната сезона Абрахам ќе ја одигра во дресот на Арсенал како позајмен играч, но потоа „топчиите“ имаат обвзувачка клаузула да го откупат неговиот договор за сума од 50 милиони евра.

Абрахам играше одлично во Челси под водство на Франк Лампард, но падна комплетно во втор план откако Томас Тухел го презеде тимот од „Стемфорд бриџ“. Тој ги форсира Тимо Вернер и Каи Хаверц. Поради ова и Оливие Жиру одлучи да го напушти Челси и да се пресели во италијанскиот калчолигаш Милан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови