
Шкупи вчера го победи Вардар и се израмни бодовно со Струга ТЛ, па актуелниот шампион ќе се обиде повторно да се одлепи со евентуален триумф над Воска на домашен терен.
Хадис Таири најавува дека тој и соиграчите се подготвени за пресметка против тимот што го предводи некогашниот стратег на стружани, Срѓан Захариевски.
„Како и секој друг натпревар така и овој е многу важен за нас. Целосно сме уверени дека трите бода остануваат во Струга. Јасно е дека е потребна целосна концентрација во текот целиот меч, треба да се одигра максимално. Треба да се победи, да се продолжи победничката серија“, изјави Таири.
Шкендија на домашен терен ја пречекува Брегалница, а интересно ќе биде и на дуелот на стадионот „Кукуш“ во Турново, каде Брера се среќава со Работнички.
Гостивар на домашен терен ќе игра против тимот на Македонија ЃП.
Вчера, Шкупи го победи Вардар со 3-0, а Тиквеш и Силекс ремизираа 1-1.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 25.КОЛО (денеска, 15 часот)
БРЕРА – РАБОТНИЧКИ
СТРУГА ТЛ – ВОСКА
ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА
ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП
ШКУПИ – ВАРДАР 3-0
ТИКВЕШ – СИЛЕКС 1-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Избувна пожар во домот на Винисиус Жуниор
