Connect with us

Тадиќ најдобар во Холандија

Капитенот на Ајакс и српски репрезентативец Душан Тадиќ, ја доби наградата за најдобар фудбалер на холандската лига, Ередивизие. Минатата сезона Тадиќ ја освои „двојната круна“ со клубот од Амстердам, со ефект од 17 голови и девет асистенции.


Тој освои најмногу гласови во конкуренција на Дејви Класен, Стивен Берхуис и Јоргос Јакумакис.


Тадиќ потпиша нов договор со Ајакс и се очекува да ја заврши кариерата на арената „Јохан Кројф“, а потоа да стане тренер на помладите категории во клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови