Connect with us

Светското клупско првенство ќе биде одложено за 2022 година

Светското клупско првенство во фудбал ќе се одржи на почетокот на 2022 година. Иако се уште не е официјално, тоа повторно ќе биде одложено затоа што две земји се откажаа од организацијата.
Пандемијата на коронавирусот создаде проблеми и во овој поглед. Јапонија беше првиот потенцијален домаќин што се откажа, а потоа и Јужноафриканската Република се откажа од организацијата.


Меѓународната фудбалска организација (ФИФА) во моментов нема решение кој ќе биде домаќин на ова натпреварување, а како можен организатор се наметнува Катар, домаќинот на следното Светско првенство.
Катар беше домаќин на последните две светски клупски првенства, кога славеа Ливерпул, односно Баерн Минхен.

Европските клубови историски имаа најголем успех на клупското Светско првенство. Реал Мадрид го освои ова натпреварување рекордни четири пати, а Барселона трипати. Овојпат главен фаворит е европскиот шампион Челси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови