
Светската фудбалска федерација ФИФА е повикана да ги разгледа плановите за организација на Светското клупско првенство со 32 тима на крајот на следната сезона или ќе се соочи со правна постапка против тоа од синдикатот на играчи ФИФПРО и Асоцијацијата на светските лиги. Сите три европски клупски натпреварувања ќе бидат проширени на 36 екипи од следната сезона.
Дополнително, Светското клупско првенство на ФИФА со 32 екипи ќе се одржи следната година во САД од 15 јуни до 13 јули.
Меѓународната федерација на професионални фудбалери (FIFPRO) и Асоцијацијата на светските лиги (WLA) изразија загриженост за проширените натпреварувања во писмо упатено до претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и генералниот секретар Матијас Графстром, пренесува „Би-Би-Си“.
Во писмото се наведува дека глобалниот фудбалски календар е „презаситен“ и дека националните лиги не се во можност да ги организираат своите натпревари правилно, додека играчите се форсираат надвор од нивните човечки граници, со значителни ризици од повреди.
Во писмото се наведува и дека таквиот распоред „ги загрозува националните лиги и влијае на здравјето и благосостојбата на играчите“. FIFPRO и WLA имаат намера да ги претстават своите прашања пред Советот на ФИФА на состанокот на 17 мај во Бангкок.
Доколку ФИФА одбие да се заложи за решавање на проблемот, ФИФПРО и ВЛА ќе ги советуваат своите членови за нивните опции, вклучително и преземање правни мерки против ФИФА, се вели во писмото што го објави „Би-Би-Си“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
