Реал Мадрид, носителот на трофејот во Лигата на шампионите, и победникот во Лига Европа, Аталанта, ќе се соочат еден против друг во Варшава во натпреварот за Суперкупот на УЕФА. „Кралскиот клуб“ во мај ја совлада Борусија Дортмунд и по 15-ти пат го освои врвот на Европа, додека Аталанта изненадувачки ја прекина совршената серија на Баер Леверкузен и го освои својот прв трофеј во европските натпреварувања.
Реал Мадрид до сега има пет Суперкупа на Европа во својата витрина, колку што имаат и Барселона и Милан, и ако денес победи, ќе стане првиот клуб со шест вакви трофеи.
Тимот на Карло Анчелоти нема пораз во официјален натпревар од јануари, кога испадна од Атлетико Мадрид во Купот на Кралот. Во претсезонските подготовки, Реал не беше толку убедлив и запиша две победи и два порази. Победите беа против Албасете (3-0) и Челси (2-1), а поразите од Милан (0-1) и Барселона (1-2).
Реал Мадрид конечно успеа да ја реализира својата долгогодишна желба и да ја привлече суперѕвездата на ПСЖ и францускиот фудбал, Килијан Мбапе. Се очекува напаѓачот да дебитира уште на денешниот натпревар, а за него би било сон да освои трофеј уште во првиот натпревар со дресот на Реал. Сепак, тимот веќе е без двајца од своите маркантни фудбалери од последните години, Тони Крос и Начо Фернандез.
Од друга страна, Аталанта има само два значајни трофеи во својата историја, а требаше да чека 61 година за вториот од нив. Бергамаските се 41. тим кој ќе игра во натпреварот за Суперкупот. Тренерот на тимот, Џанпјеро Гасперини, веќе го означи натпреварот против Реал како најголемиот момент во историјата на клубот. Аталанта не успеа да победи на ниту една од трите пријателски средби летово, откако одигра нерешено со АЗ Алкмар (2-2) и претрпе тешки порази од Парма (1-4) и Сент Паули (0-3).
Статистиката покажува дека носителот на трофејот од Лигата на шампионите го освојувал Суперкупот во 10 од последните 11 изданија. Единствениот исклучок во овој период е токму Реал, кој во 2018 година загуби од Атлетико Мадрид со 2-4 во Талин.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski