Суперкомпјутерот „Бетси“ пресмета како ќе се развива битката за титулата во Премиер – лигата на Англија и кој ќе биде шампион на крајот од сезоната. Борбата се води меѓу три екипи, Ливерпул, Манчестер Сити и Арсенал.
„Црвените“ водат со 63 бода, пред „граѓаните“ со 62 и лондончани со 61, а се чини дека претстои прилично интригантно финале на сезоната.
Според пресметките на суперкомпјутерот, годинашен шампион ќе биде Арсенал, кој ќе собере 86 бода и ќе ја подигне титулата благодарение на подобрата гол-разлика, бидејќи ист број бодови на крајот од сезоната ќе има и Ливерпул. Сепак, „топчиите“ ќе имаат 9 постигнати гола повеќе од Ливерпул и тоа ќе им го донесе шампионскиот трофеј.
Манчестер Сити ќе остане на третото место на табелата со 84 бодови. Четвртата позиција ќе и припадне на Астон Вила, која сезоната ќе ја заврши со 70 бодови и следната година ќе учествува во Лигата на шампионите.
Понатаму во рангирањето ќе бидат Тотенхем (66 поени), Манчестер Јунајтед (57 поени), Њукасл (56 поени) и Челси (55 поени).
Од Премиер-лигата ќе испаднат Лутон, Барнли и Шефилд Јунајтед кои ќе ги заземат последните три места во конечниот поредок.
Интересно е, сепак, што истиот компјутер пред една година исто така му предвидуваше шампионска титула на Арсенал и не погоди, бидејќи трофејот отиде во рацете на Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal