Хрватска и Албанија се надеваат дека со позитивен исход од нивниот меѓусебен меч ќе ги зголемат шансите за пласман во осминатафиналето на Европското првенство. Со оглед дека двете репрезентации останаа без бодови во првите натпревари на ЕВРО 2024 (Хрватска – Шпанија 0-3, Албанија – Италија 1-2), шансите за пласман во нокаут-фазата од турнирот мораат да ги бараат преку денешниот натпревар во Хамбург.
Мечот започнува во 15 часот.
Суперкомпјутерот на „Опта“ направи 10.000 симулации пред овој меч за да ги одреди во проценти шансите на Хрватска и на Албанија на денешниот натпревар.
Ако верувате на прогнозата, шансите на Хрватска за победа се многу поголеми.
Проценката е дека Хрватска има 62.9% шанси за победа, додека Албанија има само 15.7%.
Шансата мечот да заврши без победник изнесува 21.3%.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













