
Манчестер Јунајтед има само еден процент шанса да ја освои титулата во Премиер – лигата во новата сезона, пресмета суперкомпјутер. „Црвените ѓаволи“ инвестираа многу во својот тим ова лето за да стават крај на речиси десетгодишното чекање за враќање на трофејот од Премиер – лигата.
Сепак, суперкомпјутерот „FiveThirtyEight“ предвидува дека тимот на Ерик тен Хаг ќе ја заврши сезоната на шестото место со 57 бида. Компјутерската анализа им дава и само 18 отсто шанси за пласман во Лигата на шампионите.
Се очекува Јунајтед на четвртото и петтото место да биде престигнат од Тотенхем, односно Арсенал, кои се очекува да ја завршат сезоната со 66 и со 61 бод. Шансите на двоецот од северен Лондон за освојување на лигата не се премногу големи. Суперкомпјутерот му дава пет отсто на Тотенхем и два отсто на Арсенал.
Се очекува Челси да ја заврши сезоната на третото место зад вицешампионот од минатата сезона Ливерпул. „Сините“ сезоната ќе ја завршат со 72, а „црвените“ со 80 поени.
Нивните шанси за освојување на лигата се значително поголеми од оние на Јунајтед и Арсенал, а суперкомпјутерот им дава 11 и 30 проценти шанси да бидат крунисани за шампиони на Англија.
Бранителот на титулата Манчестер Сити се предвидува дека повторно ќе биде на врвот на табелата со 85 бода и 48 отсто шанси да ја задржи титулата.
Најблиску до испаѓање од Премиер – лигата ќе бидат новаци во елитата, Фулам, Борнмут и Нотингем Форест.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
