По секое ново коло на крајот од сезоната во Премиер – лигата се прават прогнози за освојување на титулата. И ако мислењето на аналитичарите и стручњаците може да се нарече субјективно, тогаш „мислењето“ на компјутерите изгледа доста интересно, бидејќи треба да биде лишено од емоции.
Компјутерот на најголемата аналитичка и статистичка компанија за процеси во фудбалот, „OПТA“, често се нарекува Суперкомпјутер. До петокот фаворит за освојување на трофејот беше Ливерпул.
Шансите на „црвените“ беа проценети на 45%. Следуваше Манчестер Сити со 33,6, а потоа Арсенал со 21,4%.
Сепак, натпреварите од викендот тоа го променија.
Манчестер Сити веќе е фаворит со 39,7%, потоа Ливерпул со 31,3% и последен е Арсенал, но сега со 29%. Интересното е што вистинскиот пласман е токму спротивен – „топчиите“ се во водство, по нив се „црвените“ и третопласиран е составот на „граѓаните“. Но, сите три екипи се во рамките на еден бод.
Како работи овој суперкомпјутер?
- Моделот за предвидување на Opta ја проценува веројатноста тимовите да завршат на секоја позиција во натпреварувањето. Затоа, можеме да видиме колку ќе биде успешна сезоната на еден тим, без разлика дали се во прашање нивните шанси за испаѓање или за титулата.
- Моделот ја проценува веројатноста за исходот на секој натпревар (победа, реми или пораз) користејќи го Opta Power Rankings, како и дополнителни информации за историските и неодамнешните перформанси на тимот.
- Моделот ја зема предвид силата на противниците, користејќи ги овие веројатности за крајот на натпреварот и симулирање на преостанатите дуели во соодветното натпреварување. Со анализа на резултатот од секоја од овие симулации, моделот може да прогнозира колку често тимовите завршуваат на секоја позиција во лигата за да ги создаде конечните очекувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal