Дербито на 17.коло во Првата лига се игра на Чаир каде Шкупи ја пречекува Шкендија. Тоа е пресметка за врвот, во трката за шампионската титула.
Kапитенот на Шкупи, голманот Артан Иљази, вели дека тимот е подготвен за надигрување.
„Во тимот владее позитивна атмосфера и сите го даваме максимумот на секој натпревар. На Чаир ја пречекуваме Шкендија со која ја делиме првата позиција на табелата и максимално се подготвивме и за оваа пресметка. Несомнено ќе го имаме и 12. играч во „Шверцерите“ и посакуваме трите бода да останат во Чаир и повторно да направиме бодовна разлика на табелата“, изјави Иљази.
Сепак, Шкендија има поинаков план и сака да остане непоразена во големото дерби.
Интересно ќе биде и во Кавадарци, каде Тиквеш, кој е во одлична форма, ќе биде домаќин на шампионот, тимот на Струга ТЛ.

Работнички на Маџари ја пречекува Брера Струмица. Тимот од Дебар Маало ја бара првата победа под раководство на Гоце Седлоски, по ремито со Гостивар и поразот од Шкендија.
Силекс во Кратово ќе ги одмери силите со Гостивар, а Брегалница во Штип ја пречекува Воска Спорт.
Вчера Вардар ја победи Македонија ЃП на гости во Ѓорче Петров со 0-1.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 17.КОЛО (денеска, 13 часот)
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
РАБОТНИЧКИ – БРЕРА
ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ
БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА
СИЛЕКС – ГОСТИВАР
ВЧЕРА: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР 0-1
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













