Борусија Дортмунд пропушти да слави победа на гости против Бохум играјќи 1-1, а тоа му дава нова шанса со триумф на денешниот меч против Херта да се врати на врвот на табелата во Бундес-лигата.
Сепак, „милионерите“ се жалат на лошата арбитража и недосуден пенал, што го потврди и Фудбалската федерација на Германија. Јасно е дека судијата Саша Стегеман ја оштетил Борусија Дортмунд во 65.минута, кога не досуди пенал откако во шеснаесетникот на домаќинот беше фаулиран Карим Аадејеми.
„Сѐ се случи многу брзо и бев сигурен дека Адејеми не е фаулиран. Секако, ВАР ја провери целата ситуација, а сугестијата беше дека нема очигледни докази дека одлуката е погрешна, па не ми беше наложено сам да одам да ја гледам спорната ситуација“, изјави судијата Стегеман.
„Доколку се сомневав во мојата одлука, ќе одлучев сам да го погледнам видеото, но во тој момент помислив дека добро проценив. Од оваа перспектива можам да кажам дека ќе бев среќен доколку ја погледнев снимката. Секако, мојата цел е да донесам добра одлука на теренот и требаше да постапам поинаку. Лут сум на себе, многу лошо се чувствувам.“.
Судиската грешка ја потврди и Фудбалската федерација на Германија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













