
Судиска комисија го разгледа спорниот момент од последниот меч од 19. коло на Втората лига и го донесе следниот заклучок:
На натпреварот ФК Караорман – ФК Тетекс одигран на 09.03.2023 година анализирана е ситуацијата од 66 минута.
66 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Недосудено офсајд позиција)
Играч од екипата на домаќините додаде топка до соиграч кој се наоѓаше близу просторот од 5,5 метри од голот на гостите, во моментот на додавање соиграчот се наоѓаше во линија со претпоследниот играч од одбраната на гостите (бр.10) кој закасни со правење офсајд замка (касно се извлекува), ја прими топката и постигна гол.
Исправна одлука на првиот помошен судија, голот е регуларен бидејки предпоследниот играч од екипата гостите (бр.10) закасни со правење офсајд замка (касно се извлекува) и играчот на домакините во момент на додавање на топката од соиграчот се наоѓаше во дозволена позиција (во линија со претпоследниот играч од одбраната, т.е играчот што задоцни со правење офсајд замка).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski