УЕФА објави дека итно променила еден од судиите за натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу ПСВ Ајндховен и Спортинг Лисабон. Италијанецот Фабио Мареска требаше да биде четврти судија на овој меч, но поради неговата вмешаност во скандал беше веднаш отстранет од списокот.
Според објавите на „Газета дело Спорт“, Мареска за време на натпревар од првенството на Кувајт меѓу тимовите на Ал-Кувајт и Ал-Араби, на кој делел правда, наводно смртно му се заканувал на еден од играчите.
Откако овие обвиненија станаа јавни, и целиот скандал стигна до челниците на УЕФА, Мареска беше отстранет од натпреварот од Лигата на шампионите на кој требаше да биде делегиран. Европската фудбалска унија соопшти дека на негово место ќе биде назначен неговиот сонародник Даниеле Довери.
Главен судија на натпреварот ќе биде Марко Гвида, додека негови помошници ќе бидат Чиро Карбоне и Џорџо Перети. Натпреварот помеѓу ПСВ и Спортинг ќе се одигра вечерва од 21 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













