Connect with us

Судење во отсуство: На Бензема му се заканува затворска казна од пет години

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, се најде на суд во Франција, под обвинение за соучество во обид да изнуди пари од неговиот поранешен соиграч од француската репрезентацијата, Матје Валбуена. Случајот датира од јуни 2015 година, кога двајцата фудбалери беа на тренинг камп во Франција. Сагата го потресе францускиот фудбал и двајцата играчи ги загубија своите места во националниот тим.

33-годишниот напаѓач, кој е еден од потенцијалните добитници на овогодинешната “Златна топка”, негира дека сторил грешка во врска со случајот, кој конечно, ќе добие своја завршница шест години по наводниот инцидент. Тој го одби обвинението против него, тврдејќи дека е “цуркузантско” и поради тоа, не се појави на судот во Версај.

Адвокатите го оправдаа неговото отсуство поради професионални причини. На ѕвездата на “кралскиот клуб”, му се суди со уште четворица мажи обвинети за обид да го уценуваат Валбуена. Сепак, доколку Бензема биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до пет години и парична казна од 75.000 евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови