Американскиот Интер Мајами ќе биде последниот клув во кариерата на Луис Суарез, објави уругвајскиот фудбалер.
Суарез (37) потпиша со Интер Мајами од МЛС – лигата кон крајот на минатата година за сезоната 2024 година по престојот во бразилскиот клуб Гремио.
Таму повторно се здружи со поранешните соиграчи од Барселона, Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба, со кои освои четири титули во Ла Лига за пет години поминати во Шпанија.
„Интер Мајами ќе биде мојот последен клуб. Моето семејство веќе го знае тоа. Сѐ уште немам датум, но ова е последниот чекор“, изјави Суарез во интервју за уругвајската радио станица „Дел Сол“.
„Подготвен сум за овој последен предизвик, но постои неизбежен замор и на крајот сакам да имам квалитетен живот во иднина“, додаде напаѓачот.
Луис Суарез, кој играше за Ајакс, Ливерпул и Атлетико Мадрид, има 138 настапи за репрезентацијата на Уругвај.
Интер Мајами ја започнува сезоната во МЛС-лигата против Реал Солт Лејк на 21 февруари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













