Академија Пандев и Беласица не го стартуваа на посакуван начин новиот шампионат, се наоѓаат при дното на табелата, но денеска се очекува интересна пресметка и тоа на новиот комплекс што го изгради Горан Пандев. Прекрасното здание е подготвено да отвори нова епизода на клубот Академија Пандев, натпреварите да ги игра на сопствениот стадион, а не на струмичкиот „Младост“.
„Пандевци“ ќе имаат екстра мотиви да ја совладаат Беласица и да се искачат чекор погоре на табелата. Тимот поседува многу поголем квалитет од тоа што отсликува моментната позиција на табелата во Првата лига.
Пелистер ќе гостува во Велес, а тренерот Горазд Михајлов, кој во минатото беше стратег и на битолчани, вели дека Борец ја прифаќа улогата на фаворит. Ќе се обиде и да ја претвори во триумф и нови три бода.
„Пелистер е незгоден противник, посебно кога игра на гостински терен. Го почитуваме како клуб со традиција. Ја прифаќаме улогата на фаворит и се надевам дека ќе ја оправдаме фаворитската улога. Здравствениот билтен е во ред, што значи дека и Фернадо Силва конкурира за место во стартниот тим“, вели Горазд Михајлов, тренерот на Борец.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













