Актуелниот првак Струга Трим Лум имаше успешна генерална проверка пред стартот на пролетниот дел од првенството. Тимот на Шпетим Дуро го победи Караорман со 4-1. Двоен стрелец беше Бесарт Ибраими, а погодија и Компаоре и Радески.
Гостивар го победи Тиквеш со 3-1. Рушту Јонус, Атиемвен и Кировски беа стрелци за гостиварци на овој дуел. Даноски го постигна единствениот гол за Тиквеш.
Македонија ЃП и Беса одиграа 1-1, а голот за второлигашот го постигна Емир Скендери кој токму од редовите на „лавовите“ се пресели во Беса.
Брегалница го победи Кожуф со 3-0. Стрелци на головите за штипјани беа Андерсон, Робакидзе и Селмани од пенал.
Пелистер со 2-0 го совлада Вардар Неготино со головите на Благоја Љамчевски и на Вилдан Керим.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski