Струга Трим Лум запиша убедлива победа над Арсими со 4-0 во натпреварот од 13. коло на Првата македонска фудбалска лига. Избраниците на Бледи Шкемби без поголеми потешкотии се справија со аутсајдерот, а до триумфот стигнаа со головите на Марјан Радески, Христијан Малески и двојниот стрелец Буњамин Шабани.
Натпреварот започна со офанзивна игра на домашниот тим, а веќе во осмата минута Компаоре ја затресе мрежата на гостите, но голот беше поништен по интервенција на ВАР собата поради офсајд. Неколку минути подоцна, истиот играч имаше уште една одлична шанса, но не успеа да погоди. Сепак, резултатот беше отворен во 20. минута, кога Радески по одлична долга топка од Бојку маестрално ја прими и со удар од тешка позиција го совлада голманот Ислами за 1-0.
На почетокот на вториот дел, капитенот Буњамин Шабани ја презеде главната улога и постигна два гола за само две минути. Најпрво, по одлична комбинација со Компаоре, со прецизен низок удар зголеми на 2-0 во 54. минута, а потоа веднаш по украдена топка од Јевтовски, повторно погоди – овојпат откосо и поблиску, за 3-0.
Конечниот резултат 4-0 го постави Христијан Малески, кој со мирна завршницаја заокружи одличниот ден за домашниот тим.
Башкими го победи Работнички со 2-1. По еден погодок во двете полувремиња беше доволен за кумановци да стигнат до трите бода и сега имаат вкупно 22 бода на своето салдо, што во моментот им го носи и петтото место на табелата.
Стрелци за Башкими беа Абдулхади Јахја во 41.минута и Емануел Аворнио во 63.минута. Погодокот за Работнички беше дело на Дитмир Хоџа во 87.минута од дуелот.
Првата закана ја имаше Арменд Алими со удар од далечина, но не беше прецизен.
Во 18.минута Башкими ја имаше првата колосална можност за водство. По нафрлувањето од левата страна, Симоновски одлично ја прими топката на гради, упати удар, но голманот на Работнички, Петар Јакимов, спаси сигурен гол со својата интервенција.
Шест минути подоцна, Јахја нафрли од десната страна, Симоновски шутираше со глава, но за малку крај дирекот.
Демир Имери упати удар од далечина во 38.минута, но не беше прецизен.
Пред крајот на првото полувреме, дојде и водството на Башкими. Абдулхади Јахја умешно се снајде во шеснаесетникот на гостите и од 12 метри погоди во небранетиот дел од голот на Работнички.
Во второто полувреме, многу борба на тешкиот терен, а Башкими повторно искористи уште една можност и ја удвои предноста. Емануел Аворнио со удар со глава во 63.минута погоди на вистинското место.
Работнички се обиде со неколку замени да се врати во игра, а Дитмир Хоџа во 87.минута, на асистенција на Кристоџеј Далеј, намали на 2-1, што беше и конечен епилог на мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













