
Македонскиот првак Струга Трим Лум има згуснат распоред блгодарејќи на одлилните настапи на европска сцена. В четврток ги очекува првиот дуел против Брејдаблик во плеј-оф колото во Конференциската лига за пласман во групната фаза, но тимот на Шпетим Дуро денеска (17 часот) на стадионот во Струга ќе биде домаќин на Брера во македонскиот шампионат.
Овие натпревари секогаш се „најопасни“, така барем сметаат тренерите, затоа што фудбалерите со мислите веќе се насочени кон европските предизвици. Но, Шпетим Дуро ќе се обиде да ги мотивира да одиграат квалитетно и против Брера, која има максимален старт по две кола во Првата фудбалска лига.
Струмичани го почитуваат успехот на Струга ТЛ во Европа, но и веруваат дека можат да забележат позитивен резултат на денешниот меч.
„Респект за Струга ТЛ и за одличните резултати што ги направи на европска сцена. Тоа е добро за целиот македонски фудбал. Но, во пресрет на денешниот натпревар, ние сме максимално мотивирани да продолжиме со добри игри и резултати. Веруваме во нашите квалитети и се надеваме на успех“, изјави Георгије Јанкулов.
Мечот е закажан за 17 часот на Градскиот стадион во Струга. Останатите натпревари се одиграа вчера.
ПРВА ЛИГА, 3. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 1-2
ВОСКА – ВАРДАР 3-2
БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР 2-1
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0
ШКУПИ – СИЛЕКС 1-1
ДЕНЕСКА: СТРУГА ТЛ – АП БРЕРА (17 часот)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Југослав Тренчовски го презеде кормилото на словенечки Радомље

Евро-фудбал
Раул ќе биде нов селектор на Шпанија У21?

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед тргнува по потписот на Нкунку

Евро-фудбал
Тео Хернандез прави трансфер во Ал-Хилал

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
