
Македонскиот првак Струга ТЛ го очекува ривалот за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. На денешниот ждреб во УЕФА од 14 часот, потенцијални ривали на Струга ТЛ се Слован Братислава (Словачка), Линколн (Гибралтар), ТНС (Велс), Балкани (Косово) и Борац (БиХ).
Шкендија и Тиквеш, македонските претставници во квалификациите за Конференциската лига, исто така денеска ќе ги добијат ривалите, на ждребот во УЕФА од 16 часот.
Шкендија е носител, но, сепак, има сериозни клубови како можни ривали. Тоа се Вележ (БиХ), Торпедо Кутаиси (Грузија), Малишева (Косово), Ноах (Ерменија) и Ислох Минск (Белорусија).
Тиквеш ќе добие ривал од следните пет екипи: Брејдаблик (Исланд), Дуделанж (Дуделанж), Тре Пене (Сан Марино), Сент Џозеф (Гибралтар) и Крусадерс (С.Ирска).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal