Струга Трим Лум ја зголеми предноста на врвот на табелата во Првата фудбалска лига на пет бода пред Шкендија, откако го победи Тиквеш на домашен терен со 2-0. Мартин Давков во петтата минута си постигна автогол, а Бунјамин Шабани во 51.минута го потврди триумфот.
Шкендија во Тетово одигра само 0-0 против Силекс, па сега има негатива од пет бода пред Струга ТЛ.
Шкупи на Чаир убедливо славеше против Брегалница со 3-0. Сандеј Адетунџи беше двоен стрелец, во 17. и во 63.минута, а третиот гол го постигна Фреди Алварез во 74.минута.
Академија Пандев триумфираше против Победа со 2-0. Голманот Дарко Тофилоски доби црвен картон на почетокот на вториот дел, а Кристијан Велиновски не реализира пенал. Сепак, домашните фудбалери успеаја да постигнат два гола во продолжението од дуелот, откако се поправи Кристијан Велиновски, а потоа погоди и Димитар Трајков.
Македонија ЃП го победи Скопје со 2-1. Филип Мишевски постигна убав гол од слободен удар за водство во петтата минута, а Ѓорѓи Стоилов беше стрелец на вториот погодок во 60.минута. Гостите постигнаа почесен погодок во судиското продолжение од пенал, преку Коне.
ПРВА ЛИГА, 29.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ 2-0
ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА 3-0
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 0-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ 2-1
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ПОБЕДА 2-0
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski